Demokratija (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 11
Вовед
"Демократијата е најлошата форма на државно
уредување, кога ќе се одземат сите други" - овој цитат бил изговорен од
поранешниот британски премиер Винстон Черчил.
Тој доведува до една важна констатација: не
постои никаде перфектна демократија, но и покрај актуелната критика,
демократијата претставува најуспешната постапка за мирно решавање на
конфликтот. И насекаде во светот, во најразличните региони и системи, човек се
повикува на неа.
Демократијата живее од соработката на нејзините
граѓани. Знаењето е претпоставка за тие да се ангажираат себеси.
Само оној кој во принцип знае за механизмите и
институциите на демократската држава може да живее во неа. Затоа ова
пренесување на знаењето спаѓа во најважните задачи на политичкото образование,
чија цел е полнолетна
Поинаква дефиницијата би била „демократија е
власт на народот, каде што врховната моќ му е дадена на народот и се извршува
непосредно преку него или преку негови избрани претставници во услови на
слободен изборен систем“.
Содржина
Демократијата претставува еден од постојните три
вида на политички режими :
Демократски - кога е обезбедно правото на учество на народот во одлучувањето за
државни работи и кога се почитуваат и обезбедуваат човековите права;·
Автократски - кога управувачката функција во општеството е сосредоточена во
рацете на едно лице или мала група на луѓе;·
Тоталитерен - кога не се признаваат или значително се ограничуваат правата и
слободите на личноста и кога е под строг и целосен надзор севкупниот општествен
живот;·
Додека првиот е својствен за државите со долга
демократска традиција и во кои реално е воспоставено граѓанското (цивилно)
општество, како противтежа и ограничувачки фактор во спрчувањето на носителите
на државната власт да не се наметнат над општеството, автократскиот и
тоталитарниот политички режим (како и бројни други со истите основни
карактеристики), едноставно можат да се наречат недемократски, односно
апсолутистички.
Демократскиот политички режим, најкратко речено,
се засновува врз следниве суштински својства :
власт на мнозинството;·
слобода врз критиката и опозиција на власта;·
заштита на малцинствата;·
лојалност на малцинствата спрема државната власт;·
Ако се оцени дека меѓусебните односи на
составните основни агенси на политичкиот режим - личноста и државата - се
поставени на основата на нераскинливите меѓусебни врски и , исторемено, се
уважуваат главните начела така што секој од овие два субјекта дејсвува во
политиката како два различни и меѓусебно поврзани и условени пола, тогаш
е јасно дека станува збор за демократски политички режим.
Во неговите рамки е обезбедено соодветна
независност на двете сили. Човекот , личноста има солиден фонд средства за
влијание врз државата , на пример , учество на избори, критика, самоуправа,
прифаќање на законите и други кои , воопшто не ги сретнуваме во недемократските
политички режими.Државата тука се потпира на активната подршка на граѓаните
користејќи ги сите нивни предлози, забелешки, иницијативи за да обезбеди што
поуспешен развиток и дејствување на институциите на системот.
---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com
besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!